Magna International Inc. е водечки светски добавувач на автомобилски компоненти посветен на развивање на нови мобилни решенија и технологија која ќе го промени светот. Компанијата Магна дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти и е единствениот добавувач на автомобилски делови кој истовремено и склопува комплетни возила. Компанијата може да произведе цело тело на возило, шасија, внатрешнот, надворешност, седишта, погонски механизам, електроника, прегледност, затворање и кровни системи и модули, како и инженеринг на комплетно возило и производство за други брендови (contract manufacturing). Во време на новата технолошка револуција во автомобилската индустрија Магна го предводи патот во сите области на идната мобилност, со посебен фокус на електрификацијата и автономното возење.
Нашето работење се протега на пет континенти и 28 земји, што ни дава глобален отпечаток за да можеме да го поддржиме секој голем производител на автомобили во светот. Нашата глобална мрежа се состои од 347 производствени операции и 90 центри за инженеринг, продажба и развој, со повеќе од 158,000 вработени кои се фокусирани на испорачување на супериорна вредност на нашите клиенти преку иновативни процеси и производство од највисок квалитет.
Глобалното седиште на Магна е во Аурора, Онтарио, Канада, а европската централа на Магна е во Виена, Австрија.
Магна препознава дека нашите вработени се најголемото богатство во компанијата и дека нашиот ангажман и посветеност се клучни за нашиот деловен успех. Уникатната култура на Магна за фер компанија се заснова на правичност и грижа за луѓето.
Сакате да бидете дел од тимот на Магна? Аплицирајте на некоја од следните позиции:
Инженер за квалитет
Детали за позицијата погледнете на линкот
Планер на производство и набавка
Детали за позицијата погледнете на линкот
Магационер
Детали за позицијата погледнете на линкот
Оператор во производство
Детали за позицијата погледнете на линкот
Техничар за одржување
Детали за позицијата погледнете на линкот
Controller
Детали за позицијата погледнете на линкот
Супервизор за логистика
Детали за позицијата погледнете на линкот
Инженер за процеси
Детали за позицијата погледнете на линкот
Buyer
Детали за позицијата погледнете на линкот
CAD Engineer
Детали за позицијата погледнете на линкот
Магна нуди еднакви можности за сите врз основа на квалификациите и перформансите на поединецот, без дискриминација или фаворизирање. За да се живее оваа култура, постојат различни програми кои се имплементираат, а еден од најбитините е Процесот на отворени врати на Магна кој им помага на вработените да ги решат своите проблеми и да ги пренесат своите идеи и предлози за подобрување и иновации во оваа компанија.
Сакате да бидете дел од тимот на професионалци? За нашата работа, мотивацијата и успесите на вработените погледнете на линкот.
ПОСЕТЕТЕ ГО ШТАНДОТ НА МАГНА И ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ!
Среќно во потргата за работа!