Производителите на прехранбени продукти од 1 декември ќе имаат најконкурентна фиксна цена за струјата, уште пониска од тоа што го добиваат малите потрошувачи.
Како штое најавено, се очекува околу 150 компании, главно производители на млеко и млечни производи, леб и други основни прехранбени продукти од 1 декември ќе имаат фиксна цена за електричната енергија.
За цената ќе бидат известени кога ќе се донесе одлуката од страна на надлежните, а ќе биде најконкурентна и уште пониска од тоа што го добиваат малите потрошувачи.
Истото важи и за основните и средните училишта, како и за мерните станици на водните пумпи и за пречистителните станици.