На тринаесеттиот Регионален саем за вработување, кој ќе трае до петок, 21 октомври, заинтересираните посетители можат да ја истражат богатата понуда на слободни работни места
„Ако го работиш тоа што го сакаш, нема да работиш ниту еден ден во животот“, е стара изрека на познатиот кинески филозоф Конфучиј. Ова е целта кон која сите се стремиме, за која сите се бориме. Се разбира, промените понекогаш се тешки и страшни, но ако се одиграат паметно, тие можат да ни го променат целиот живот - на подобро. За да го откриете вашиот вистински повик и да го пронајдете „вашето место под сонцето“, побрзајте на нашиот Регионален саем за вработување, чии дигитални врати се отворени уште два дена.
На тринаесеттиот Регионален саем за вработување, кој ќе трае до петок, 21 октомври, заинтересираните посетители можат да ја истражат богатата понуда на слободни работни места презентирана од над 150 излагачи од Македонија и регионот со над 1.150 огласи за вработување.
Саемот традиционално го организира Vrabotuvanje.com во соработка со партнери од регионот: MojPosao – Хрватска, Poslovi Infostud - Србија, МojPosao.ba - Босна и Херцеговина и Deloglasnik - Словенија.
Како што споменавме претходно, саемот продолжува уште два дена и е достапен 24 часа на ден преку сите десктоп и мобилни уреди со интернет конекција. За разлика од физичкиот саем, можете да го посетите Регионалниот саем за вработување од кој било агол на земјата, кога и да ви одговара.
Сите информации на едно место
И оваа година на виртуелните штандови ве очекуваат врвни работодавачи кои бараат вработени, со кои можете директно да комуницирате и да добиете одговори на сите ваши прашања. На штандовите на работодавачите, покрај понудите за работа, можете да најдете информации за компанијата, искуствата на вработените, фотогалерија и/или видео од идната работна средина. На саемот и оваа година ве очекува нова функција во форма на нов дел наречен „Настани“, каде ќе најдете интересни приказни од работодавачите, совети и корисни вебинари. Поради оваа причина, ве советуваме да ги подготвите или ажурирате вашите професионални биографии и профилот што го имате на порталот Vrabotuvanje.com.mk.
Аплицирањето никогаш полесно
Доколку сè уште немате креирано профил, можете да го креирате тука, а можете да аплицирате и без него, преку опцијата Брза апликација. Сите опции ви стојат на располагање, што е причина повеќе да не посетите на regionalensaemzavrabotuvanje.com.
Сè што ви треба за аплицирате на огласите на саемот е интернет, CV и добра волја.
На своите штандови ве очекуваат овогодинешните изложувачи: Македонски Телеком, Алкалоид, ЛИДЛ, НЛБ Банка, Костал Македонија, Gerresheimer, Магна Аутомотив, Кромберг и Шуберт, Жикол, Нептун Македонија, Микросам, Strabag, Кроација Осигурување Живот, Мајорел, Вабтек МЗТ, Адиент Аутомотиве Штип и Струмица, Маркарт Македонија, Лакталис, Лионед Груп, Agile Pro Solutions, Data Masters, Леорон и други. Работници од Македонија ќе бараат и регионални компании, а дел од нив се Joorney, Pure Storage и Ingosoftware од Србија и Maistra Hospitality Group и Jadranski Luksuzni Hoteli од Хрватска.
Посетете го саемот од 17 до 21 октомври на mk.regionalensaemzavrabotuvanje.com и пронајдете ја вашата работа од соништата!
Да се најде работа не е секогаш лесно. Токму поради оваа причина, подготвивме анкета поврзана со Истражувањето на пазарот на труд во 2022 година, со цел да го олесниме процесот на регрутирање. Го очекуваме вашето мислење.