Сите лидери доаѓаат од различни средини и водат различни компании. На основа на разговорите со нив, најуспешните работници кои се искачуваат на врвот се она што директорите го нарекуваат „трансформативни вработени“ и тие прават четири клучни работи кои им помагаат да ја трансформираат компанијата, но и себеси.
Преземаат задачи кои никој друг не ги сака
Роберт Санчез во 2013 година станал извршен директор на компанијата Ryder System, компанија што се занимава со транспорт и шпедиција, вредна повеќе милијарди долари. Санчез, кој во компанијата бил скоро 30 години, успехот го припишува на ентузијазмот за учество во различни проекти, дури и ако биле надвор од неговата работа. Со тоа, секогаш се разликувал од колегите.
„Секогаш преземав нови задачи. Станав познат како „решавач на проблеми“, се повеќе ми се отвораа прилики за напредок во кариерата“, вели тој.
Генералниот директор на Whole Foods, Џон Меки се согласува дека љубопитноста е вредна особина. Дури и ако тоа не се однесува директно на неговата индустрија, вели дека се обидува да учи од секоја ситуација или од секој човек што ќе го сретне.
Скоро сите извршни директори со кои разговарал Роберт навеле дека вештината за соработка е една од најпосакуваната кај вработените. Но, успешна соработка е невозможна ако сите учесници кои се вклучени не знаат како активно да слушаат.
Секој извршен директор го искусил ова сценарио, вработените доаѓаат кај нив со проблем и го прашуваат како да го решат. Не бидете таков човек. Лидерите почитуваат решенија. Наместо само да ги презентирате проблемите, кажете:
„Го имам овој проблем, но размислував за тоа и еве што мислам дека може да направиме за да го решиме“.
Кога ќе преземете нови задачи, учете од другите индустрии и вежбајте активно слушање, ќе бидете подобри и побрзи во решавањето проблеми. Како резултат на тоа, ќе станете трансформативни работници.
извор: kajgana.com