10 одговори кои треба да ги знаете пред секое интервју
Интервјуто секогаш е доволно стресно само по себе и никој не може да предвиди каков тек ќе има истото, сепак е добро однапред да бидете подготвени за оние прашања кои се најчесто поставувани.
Погледнете ги 10-те најчесто поставувани прашања и вистинските одговори за секое од нив.
1. Кажете нешто за себе
Фокусирајте се на најголемите достигнувања на вашите претходни позиции, како и на начините на кои искуството што го имате ќе придонесе за целокупното функционирање на компанијата.
2. Што знаете за нашата фирма?
Најголема грешка е доколку отидете на интервју без да имате никакви информации за фирмата во која аплицирате. Најдобро е претходно да се запознаете со нејзините цели и репутација како би делувале доволно заинтересирани за позицијата.
3. Кои се вашите силни и слаби страни?
Иако се верува дека не постои точен одговор на ова прашање, сепак најдобро е да бидете скромни при одговарањето. Немојте да бидете премногу самокритични, но немојте и да претерате со фалење.
4.Зошто да ве избереме вас?
Иако никогаш не можете да знаете какви квалитети поседуваат другите кандидати, вие секогаш треба да се трудите да звучите убедливо и смирено. Доколку имате претходно работно искуство, зборете за тоа како таа позиција ви помогнала да стекнете дополнителни квалитети. Во спротивно, потенцирајте дека сте спреми за учење и способни за справување на секакви ситуации.
5. Зошто токму оваа позиција?
Потенцирајте дека работното место е идеална позиција според вашите квалификации, притоа нагласувајќи ги квалитетите што мислите дека работодавецот ги бара. На крај, додадете дека сметате дека работењето со нив ќе ви понуди професионален развој каков што посакувате.
6. Кои се причините поради кои ја напуштивте вашата претходна работа?
Бидете искрени, но никогаш немојте да се жалите на вашиот претходен работодавец или да навлегувате во детали. Спомнете како позицијата ви помогнала да се развиете и сега сте доволно спремни за предизвиците што ви ги нуди новата.
7. Дали сте наишле на конфликт со вашите претпоставени или колеги?
Никој нема да ви поверува дека никогаш не сте наишле на спротивставени мислења со претходната работа средина. Наместо тоа, кажете дека се се решило на мирен начин и дека се трудите да се согласувате со сите.
8. Каква плата очекувате?
Не кажувајте премногу ниска цена како би изгледале скромно. Најдобро ќе биде доколку направите истражување за да дознаете како се движат платите за позицијата за која аплицирате.
9. Дали добро се снаоѓате во тимска работа?
Иако најголем дел од работните обврски би барале ваша индивидуална работа, сепак постојат моменти кога би се барало да вас да се покажете во тимски дух. За еден работодавец е добро да знае дека потенцијалниот кандидат може да се снајде во било каква работна средина.
10. Дали имате било какви прашања за нас?
За да покажете поголема желба за позицијата најдобро ќе биде доколку имате однапред подговтено неколку прашања. Прашањата можат да инволвираат ваши подетални интереси за позицијата, или пак за работата на самата компанија.