Македонија има највисока стапка на инфлација во изминатите 25 години , енормно висок јавен долг и најбавна стапка на раст на БДП од земјите во регионот во 2022, покажува најновиот извештај на Светска банка. Трендот на забавен економски раст ќе продолжи и во 2023 година, а во исто време инфлацијата ќе расте. Од Светска банка посочуваат дека Македонија е можно да влезе во краткорочна техничка рецесија, односно негативен економски раст кој би траел еден квартал. За годинава Светска банка предвидува дека растот на БДП во Македонија ќе изнесува 2,1 отсто, наредната година ќе биде 2,7, а во 2024 ќе достигне 2,9 отсто.
Светска банка предупредува дека земјите од регионот не треба да се потпираат на извозот од ЕУ и треба да го поттикнат земјоелскиот сектор. Треба да се насочат кон зелени проекти и вложување во напредни технолошки процеси кои сега се на многу ниско ниво, а Македонија инвестира најмалку од сите земји во регионот.
Според извештајот само 46 отсто од населението е активно на пазарот на труд, а инфлацијата го надмина растит на платите и реално имаме намалување на минималецот. Стапката на невработеност е намалена на 14,5 проценти но се уште е висока стаплата на невработени млади лица, дури 30,9 отсто од младите се невработени.