Поради планирани технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија соопшти дека на ден 26.10.2022 година (среда), без електрична енергија ќе останат делови од Карпош, Сарај и Ѓорче Петров.
Според соопштението од 09.00 до 15.00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците во населено место Блага Вода, Стопански Двор во општина Ѓорче Петров, а од 09.00 до 14.00 часот корисниците од село Горно Нерези и село Крушопек во општина Карпош и Сарај.
Извор: mkd.mk