Додека преку 100.000 луѓе во земјава бараат работа, многу бизниси се затвораат поради недостиг од работници, затоа што најголем дел од барателите на работа се неписмени или слабо образовани.
Студент на постдипломски студии за Алсат нагласи дека работните места што досега му биле понудени се деградирачки.
„За плата од 300 евра или 18.000 денари, млад човек ќе се согласи да работи само доколку има забрана за влез во некоја од европските земји“, вели студентот.
Тој додаде дека условите за работа кои се нудат во Македонија ги спречуваат младите да ги реализираат своите цели во животот.
„Минималната плата ги минимизира можностите за постигнување на целите на младите, зошто тогаш младите треба да останат тука и да прифатат минимална плата и да го минимизираат остварувањето на нивните желби или цели во животот, зошто младите ќе станат жртви на различни бизниси или работодавачи“, додава тој.
Во последниот извештај на Европската комисија се нагласува дека невработеноста кај младите полека се намалува, односно за 4 отсто е намалена во однос пред една година, но, тоа не е затоа што младите се вработувале туку затоа што дел ја напуштиле земјава.
„Понудата е многу мала, дури и слаба, горе - долу понудите се слични - минималната плата од 300 до 350 евра, а младите не се привлекуваат ни со условите, критериумите или платата што им се нуди. За нив воопшто не е мотивирачки да се пријават и да конкурираат за овие слободни места. Гледаме, постојано имаме конкурси и слободни работни места, но невработените воопшто не се заинтересирани да аплицираат за овие работни места“, велат експертите.
извор: alsat.mk