Државниот завод за ревизија откри дека повеќе од 20.000 граѓани се пожалиле дека добиле погрешни изводи од Управата за водење матични книги (УВМК) во 2020 година.
Новиот директор на Управата најави казни за вработените кои често ќе прават грешки, но и подобрувања во системот.
„Ќе ги задолжам сите матичари, ќе направиме анализа, колку грешни изводи може да се дозволи, дека сите сме луѓе и грешиме. Но, треба да има некоја бројка до колку е дозволено еден матичар да направи грешка“, вели директорот.
- Моментално работиме на внатрешен правилник во кој меѓу сите други пропусти ќе бидат внесени и грешните изводи па затоа правиме анализа до кое ниво ние како Управа можеме да дозволиме грешки. Доколку се помине тоа ниво матичарот ќе треба сам да ги плати тие изводи и ако во одреден период не се подобрува работењето ќе се применат и други мерки врз основа на закон, изјавија од Управата за водење матични книги.
извор: skopje24.com.mk