Цената на електричната енергија која ќе ја користат фабриките во кои се произведува зејтин, млеко, млечни производи како и во пекарската индустрија ќе изнесува помалку од 100 евра за мегават час, што во моментов е двојно пониско од цената по која се продава на берзите.
Доколку не се намалат цените тогаш државата ќе има механизми како тоа да го регулира. Од бизнис секторот велат дека со оваа мерка цените на храната би можеле да се намалат за 10 отсто, односно толкаво би било влијанието од поевтината цена на струјата врз финалниот производ.
Скапите суровини според производителите на храна се тие кои имале големо влијание врз цената на основните прехранбени производи.
Првичните најави беа дека оваа цена од стотина евра за мегават час за производителите на храна ќе важи од први декември, но сепак надлежните ќе решаваат за дефинитивната цена на струјата. Инаку во земјава има највисока инфлација во однос на државите од регионот. Порастот на трошоците за живот во однос на лани истиот периот се зголемени за 20 отсто.
извор: АЛСАТ