Американскиот милијардер Илон Маск и официјално стана сопственик на социјалната мрежа Твитер, по неколкумесечни преговори со акционерите.
Откако ја презеде компанијата, Маск отпушти неколку менаџери во компанијата и најави дополнителни отпуштања, пренесува Ројтерс.
Меѓу отпуштените се извршниот директор на Твитер Параг Агравал, финансискиот директор Нед Сегал и шефот за правни прашања и политика Виџај Гаде.
Маск претходно го обвини претходното раководство дека ги довело во заблуда него и инвеститорите за бројот на лажни сметки на платформата.
Откако го презеде Твитер, Маск објави дека сака да ги „победи“ спам-ботовите и јавно да ги стави на располагање алгоритмите кои одредуваат како содржината им се презентира на корисниците и спречуваат платформата да стане место на омраза и поделби.
Маск се уште нема дадено детали како ќе го постигне сето ова и кој ќе ја води компанијата.
Твитер ја прифати понудата на Маск од 44 милијарди долари во април, но во меѓувреме имаше несогласувања и меѓусебни обвинувања меѓу компанијата и Маск.