Германскиот автомобилски гигант Фолксваген (VW) ќе произведува само електрични автомобили
Компанијата со тоа се обврза да го преземе овој потег во првиот период од зацртаната цел, која беше поставена за периодот 2033-2035 година.
Во следната деценија VW ќе го намали бројот на понудени модели и ќе ја зголеми профитната маржа за сите масовни марки – Volkswagen, SEAT и Skoda и комерцијалните возила – на 8 проценти до 2025 година, изјави извршниот директор Шефер.
Ројтерс наведува дека коментарите на Шефер ги повторуваат оние на другите високи менаџери во компанијата, кои исто така ги истакнаа плановите за рационализирање на производството и подобрување на продуктивноста додека групата се бори да доминира на пазарот на електрични возила.
Премиум брендовите на VW како Audi и Porsche ги зголемија резултатите на Групацијата во првата половина од годината, при што Audi забележа скок во оперативната добивка за 51 отсто, а Porsche 22 отсто, во споредба со падот од 8 отсто за другите марки на Volkswagen.
Во првата половина од годинава е остварена оперативна маржа од 5,6 отсто, наспроти 3,4 отсто во истиот период лани.