Два пати го паднал приемниот испит за на факултет, бил одбиен на 30 работни места, а од март годинава Jack Ma, основачот на Alibaba, е најбогатиот човек во Кина со вредност од 25 милијарди долари.
Како едно од трите деца, Jack Ma е роден е на 15 октомври 1964 година во Хангжу и доаѓа од сиромашна фамилија. На млада возраст секој ден возел 70 милји на велосипед до Хангжу интернационалниот хотел притоа нудејќи им на околните посетители тури во замена за часови по англиски јазик.
Дипломирал во 1988 година на Инстиутот за наставници во Хангжу. Се вработил како професор по англиски јазик, притоа заработувајќи само 12 долари месечно, а денес има 7.8 % од акциите во Alibaba и речиси 50% од акциите во услугите за обработка на плаќања Alipay.
Ма влегол во светот на интернетот во 1995 година за време на една посета во САД. Откако открил дека при онлајн пребарување на зборот „пиво“ резултатите не прикажувале кинески пива, тој решил да основа интернет компанија за Кина.
Четири години подоцна Ma собрал 17 свои пријатели и ги убедил да инвестираат во неговата визија за онлајн пазар наречен Alibaba. До октомври 1999 година компанијата собрала 5 милиони долари од Goldman Sachs и 20 милиони од SoftBank. Пресврт се случил во 2005 година кога Yahoo инвестирал 1 билион во компанијата во замена за околу 40% од нејзините акции.
Од тогаш кариерата на Ма оди само во нагорна линија. Па така, во септември 2014 година Alibaba станала една од највредните технолошки компании во светот откако собрала 25 билиони долари, што претставувала најголемата иницијална јавна понуда во американската финансиска историја. Денес Alibaba е една од најпрестижните компании во светот според магазинот Fortune.