Маркус Флојд, уметник од Кентаки (САД), работи на развој на патики за коњи, како дел од соработката со „Визитлекс“ – туристичка агенција од Лексингтон. „Обувките“ ќе бидат продадени на аукција за собирање средства за добротворни цели, на 12-ти ноември.
– Нивната иницијатива е да се подигне свеста во целата „кантри-џез“ држава, т.е. Кентаки како целина, објасни Флојд за Си-ен-ен.
Во иднина, тој планира да донира 10 отсто од приходите од продажбата на обувките на околните непрофитни организации. Почетната цена на патиките за коњи е 1.200 долари.
извор: lider.mk