Еден од најпопуларните начини за заштеда на пари, кој може да се најде на интернет, е „предизвикот од 52 недели“, со кој можете да заштедите речиси 1.400 евра од 1 јануари до 31 декември.
Работата е многу едноставна - секоја недела треба да одвојувате одредена сума пари. Имате два месеца до Нова година за да се подготвите за штедење.
Почнувањето е толку лесно што нема ни да почувствувате дека паричникот ви е полесен, додека касата за штедење ви е потешка. Во првата недела од новата година треба да заштедите само едно евро. Втората недела ќе бидат две евра, третата три, четвртата четири. Тоа значи дека во јануари, месецот во кој се чини парите сами се трошат, треба да заштедите сѐ на сѐ 10 евра.
Во петтата недела од новата година (првата недела од февруари) треба да издвоите пет евра и така натаму ...
Може да почувствувате дека навистина штедите дури во април. Во април, евро по евро, треба да се издвојат 56 евра за целиот месец.
Вистинскиот предизвик се јавува во текот на летните месеци, односно за време на одморите, кога треба да се потрошите за одмор, но и да ви останат доволно пари за да живеете откако ќе се вратите од пат. Тогаш вашите таленти за штедење навистина ќе треба да излезат на површина.
Како што одминува годината, така неделните суми ќе се зголемуваат, додека не стигнете до следниот декември. Во тие последни четири недели потребно е да се стават настрана цели 202 евра, што на многумина им изгледа невозможно.
Сепак, целта на оваа заштеда беше да си го направите декември полесен, така што всушност ќе издвоите пари што и онака би ги потрошиле. Дури и ако не сакате да заштедите во декември, ако се држите до оваа сума, ќе ви останат 1.176 евра во „банка“ до 12-тиот месец, што е доволно за добро патување, богата трпеза или бројни подароци за празниците.