Според податоците на веб-страницата AirVisual, Белград повторно е на врвот на светот по загаденост на воздухот. Главниот град на Србија е во црвената зона по загаденост на воздухот, густа магла може да се забележи во речиси сите делови на градот и е трет најзагаден град во светот.
Белград е единствениот европски град кој моментално е меѓу десетте најзагадени во светот. По Белград, по загаденост следат Мумбаи (Индија), Џака (Пакистан), Дубаи (Обединети Арапски Емирати), Шангај (Кина), Кувајт (Кувајт), Карачи (Пакистан) и Калкута (Индија).
Податоците на Агенцијата за заштита на животната средина покажуваат дека воздухот е загаден и во Чачак, Зајечар, Нови Пазар и Велики Црљени.