Од попладнево Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ е затворен за полетување и слетување од технички причини.
Повторно воспоставување на редовен авиосообраќај се очекува вечерва, се наведува во соопштението на аеродромот, со извинување до патниците и благодарност за разбирањето.
Поради технички потешкотии на белградскиот аеродром Никола Тесла, неколку летови на Ер Србија во текот на попладневните и вечерните часови кои требаше да слетаат во Белград ќе бидат пренасочени на аеродромот „Константин Велики“ во Ниш.
Од друга страна, од истите причини ќе доцнат неколку летови кои треба да полетаат од Белград во текот на попладневните и вечерните часови, соопштија од компанијата.
„Ер Србија“ е во постојан контакт со надлежните служби на белградскиот аеродром и е подготвена да го нормализира сообраќајот штом се решат техничките тешкотии на аеродромот.