ДДВ-то за електричната енергија од први јануари ќе биде 10 отсто, а не 5 проценти како што изнесуваше изминатите година и пол дена.
Повластената стапка за прометот на електричната енергија кон домаќинствата и понатаму останува, но наместо 5, ќе изнесува 10 отсто.
Со измени на Законот за данокот на додадена вредност, даночната стапка за прометот на електричната енергија за домаќинствата во јули минатата година се намали од 18 на 5 проценти.
Владата за оваа година уште на почетокот на 2022 рече дека ако цената на електричната енергија на берзите и натаму ќе остане висока, ДДВ-то за струјата нема да се зголеми на очекуваните 10 отсто.
Даночната реформа ќе опфати неколку модели, но се задржува на две нивоа – одредени производи на кои во текот на годините им се намалило ДДВ-то на 5%, да се вратат на ДДВ како што биле претходно, а и во делот на персоналните даноци и придонесите кои во нив треба да се вметнат, да нема едно решение, туку да има избор во однос на плаќањето, бидејќи висината на хонорарите се различни.