Поштенскиот систем во нашата земја престана да функционира, од саботата А.Д. Македонски пошти не издава препорачани пратки.
На граѓаните им стигнале картончиња за препорачани пратки на нивните домашни адреси, но кога одат на шалтерите во Пошта од таму ги враќаат и им велат дека не им функционира компјутерскиот систем и токму затоа не можат да ги издаваат препорачаните пратки.
- Од саботата залудно се обидувам да ја подигнам препорачаната пратка од пошта. Велат компјутерскиот систем не функционира и не може да ми ја издадат пратката, вели граѓанин кој го затекнавме пред поштата во Центар.
Според информациите на Лидер, АД „Пошта на Северна Македонија“ соопшти дека поради одржување и надградување, а со цел подобрување на работењето, компјутерскиот систем во единиците на поштенската мрежа работел со намален капацитет и брзина, но во ниту еден момент немало прекин во доставата на поштенски пратки.
– Продолжуваме посветено да работиме во интерес на нашите корисници. Ви благодариме на поддршката и разбирањето и искрено се надеваме дека во полн капацитет ќе ги користите услугите на АД „Пошта на Северна Македонија“, се наведува во соопштенијата.
извор: lider.mk