Се забели Пелистер, падна првиот снег есенва во Македонија. Снег врне на врвот на Баба Планина, а објектите каде се тв-радио предавателите на Пелистер се под снежна покривка.
Снегот го побели врвот на Пелистер, Антена на надморска височина од 2601м. Ова се први снежни врнежи оваа есен.
Во Битола обилно врне дожд и се очекува врнежите да продолжат во текот на денешниот ден. Температурата во градот падна до 12 Целзиусови степени, што е вистинска промена, ако се знае дека до вчера, битолчани се шетаа по кратки ракави.
Во југозападна Македонија денеска обилно врне дожд и се очекува врнежите да продолжат во текот на денешниот ден.
Денес времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2).
Од утре следува стабилно време со утринска магла по одделни котлини.