![Во амбасадите и конзулатите досега ce издадени 17.650 пасоши на македонски граѓани](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/2b/cb21a8b2-resize-820x0x100.jpg)
Од почетокот на дигитализацијата во делот на македонските дипломатско - конзуларни претставништва издадени се вкупно 17.650 патни исправи на наши граѓани во странство, а само во Берн, Швајцарија, се издадени 2.445 патни исправи.
"Ова претставува одличен чекор како и олеснителна околност за потребите на Македонците во дијаспората како и конечно нашите граѓани полесно да преминат покрај предизвиците со кои се соочуваат таму", велат надлежните.