По маркетите веќе може да се забележат ефектите од мерките. Лебот е со намалени цени, а денес можеше да се купи за 32 денари.
Мерката со која им се помага на компаниите кои произведуваат основни прехранбени продукти да плаќаат стабилна и пониска цена на електрична енергија на крајот носи придобивки за сите граѓани.
Со плаќањето на поевитна, но и стабилна цена на електрична енергија фирмите кои произведуваат основни прехранбени продукти, може подобро и полесно да планираат, но и да дозволат намалување на цените за граѓаните.
Оваа мерка, дополнета со останатите антикризни мерки кои имаат цел да помогнат на граѓаните полесно да се справат со последиците од енергетската и економската криза, а од друга страна да помогнат на компаниите да останат ликвидни.
извор: lokalno.mk