Познатиот германски производител на облека „Гери Вебер“ им дозволува на своите вработени сами да одлучат дали сакаат да работат четири или пет дена во неделата.
Храброста и довербата се секогаш добри, тоа е моето верување – изјавила шефицата на компанијата. Според неа, тој модел е профитабилен и за компанијата и за вработените.
– Работниците имаат свои потреби кои можат да се променат во зависност од нивната животна ситуација. Колку се пофлексибилни рамковните услови на работодавачот, толку повеќе може да се задоволат тие потреби – додаде таа.
Исто така, се наведува како на вработените им се дава автономија и самоодговорност.
– Тие на тоа гледаат како на признание, а тоа придонесува за поголема мотивација и лојалност – објаснува таа.
„Гери Вебер“, се наведува, има намера во иднина да биде „атрактивен“ работодавач. Шефот на модниот бренд смета дека на Германија и е потребен ваков модел поради недостигот на квалификувана работна сила.
Инаку, потсетуваме дека Британија започна со истиот пилот проект, а дека овој модел се покажа како многу успешен и на Исланд.