Лора Јанг, мајка на три деца, ја добила идејата за нејзината необична споредна работа кога слушала подкаст за човек кој заработува пари склопувајќи мебел за други луѓе. Таа на шега објави оглас во кој ги промовира вештините на нејзиниот сопруг, кој знае сé, од сликање и малтерисување до поплочување и местење ламинат.
Оттогаш, Џејмс е резервиран шест дена во неделата од 9 до 20 часот. За да ја задоволи големата побарувачка, Џејмс се откажал од претходната работа во магацин.
Оваа претприемничка двојка работи како тим, Џејмс работи на својот терен, додека Лoра управува со социјалните медиуми и веб-страницата и договара состаноци.
Ова семејство, кое сега ја води компанијата „Rent My Husband“, има три деца, од кои две се со аутизам.
"Тој е навистина добар во тоа што го работи. Џејмс потекнува од семејство каде неговиот дедо бил нуклеарен инженер. Тој има многу методичен ум и ги гледа работите поинаку“, вели Лoра.
Лора и Џејмс нудат попусти за оние кои работат во здравствени и итни служби, а истите важат и за повозрасните лица од 65 години, инвалиди, негуватели и лица на социјална помош.