Аналогните часовници во училиштата во Велика Британија ќе бидат заменети со дигитални часовници бидејќи учениците имаат проблем да го гледаат времето на традиционалниот часовник.
Децата би требало да знаат како да читаат аналоген часовник до својата седма година, но се чини дека многу деца во Велика Британија брзо ја забораваат оваа вештина.
Наставниците се загрижени бидејќи децата погрешно го пресметуваат времето што останува за време на испитите или губат драгоцено време броејќи го.
„Свесни сме дека некои училишта ги заменуваат аналогните часовници со дигитални. Младите кои полагаат испити се воспитани во дигитална ера и многумина едноставно не гледаат аналогни часовници како што беше вообичаено кај постарите генерации“, рече Џеф Бартон, генерален секретар на Здружението на директори и декани .
Дигиталните часовници на паметните телефони се главен двигател кај младите луѓе, а аналогните часовници, за жал, бавно но сигурно ја губат битката со нив.