Регулаторната комисија за енергетика е подготвена со сите податоци за утврдување на цената за наредните шест месеци од идната година. Значи, до крајот на декември ќе го завршат овој процес и очекуваме да нема драстично зголемување. Поместувања секогаш се очекува да има, но тие се прават и во надолна и во нагорна линија.
Од 1 јануари нема да има драстично поскапување на цената на струјата и парното, изјавија надлежните на денешниот брифинг со новинарите. Тие им порачаа на граѓаните да бидат спокојни зашто до крајот на грејната сезона ќе нема никаков проблем во снабдувањето со парното и струјата затоа што се прават сите соодветни анализи и проекции.
Во врска со количините на дизел гориво кое го има во резервите, експертите изјавија дека тоа се класифицирани информации кои се разгледуваат на затворена владина седница и не може да бидат јавно соопштени.
„Согласно Законот за енергетика секоја секоја топлана, па и ТЕ-ТО треба да има алтернативно гориво. Моментално топланите работат на природен гас и потребите главно се покриваат од ТЕ-ТО, околу 70 отсто за градот Скопје, а другите 30 и во некои денови до 40 отсто се покриваат од топланите Исток и Запад. Скопјани ќе бидат снабдувани со топлинска енергија непречно, во континуитет, до крајот на грејната сезона“.
извор: 360stepeni.mk