Министерството за правда ќе ги амнестира сите лица кои ги прекршиле мерките против Ковид. Станува збор за оние кои не ги платиле казните за непочитување на изолацијата и полицискиот час кои достигнуваа и до 2.000 евра.
Предлог-законот за амнестија е готов и треба што поскоро да помине во собраниските процедури, бидејќи доколку се одложи, тогаш околу 1.000 лица може да завршат во затворите, кои и онака се преполни.
Статистиката на Министерството за внатрешни работи испратена до Алсaт, вели дека во периодот на пандемија кога имаше голем број ограничувања и полициски час, полицијата изрекла 707 казни за непочитување на мерката изолација и самоизолација.
- За лицата ставени во државен карантин, полицијата поднесе кривична пријава против 32 лица.
- За неносење маска биле казнети над 200.000 казни за физички лица и 329 за правни.
- МВР соопшти и дека во периодот на пандемијата наишле на шест случаи на непочитување на забраната за собирање. За овој прекршок изречени се 87 казни.
- 707 кривични дела непочитување на мерката ИЗОЛАЦИЈА И САМОИЗОЛАЦИЈА
- 32 кривични пријави за ПРЕКРШУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН КАРАНТИН
- 115 кривични пријави за непочитување на мерката ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ
- 204.632 казни за физички лица и 329 за правни лица ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКА
- 87 лица се казнети поради ГРУПИРАЊЕ (СОБИРАЊЕ)
извор: alsat.mk