Наместо депресивни и преморени, ако работодавачите сакаат попродуктивни и порасположени работници, треба да донесат важна одлука, да им го скратат работното време од осум на шест часа.
Тоа ќе донесе многу предности и за вработените, но и за компаниите, а посебно во услови на економска и енергетска криза. Веќе се применува во повеќе земји, така на пример, шведските власти воведоа шестчасовно работно време во повеќе компании, при што очекуваат дека со оваа пракса ќе можат да ги намалат боледувањата, да ја зголемат продуктивноста и да заштедат повеќе пари.
Скратеното работно време како една промена на условите за работа се чувствува како најголема погодност, посебно во однос на ноќната работа. Скратената ноќна смена е помалку непријатна за работниците, се забележува нивна мотивираност и способност за поголема продуктивност во единица време, во голема мера се намалуваат или исчезнуваат физичките и психичките тегоби, а забележително се намалуваат поспаноста и малаксаноста. По 6 - часовната ноќна смена, времето за одмор во текот на денот е поголемо, па работниците, освен за одмор, имаат време и за други активности.
Целиот текст погледнете го на ЛИНКОТ.