Од ЈП „Градски паркинг“, Скопје, информираат дека во тек е процедурата за прибирање барања од страна на лицата со попреченост за користење на повластени паркинг услуги за календарската 2023 година.
Од таму, ги потсетуваат своите корисници дека поднесувњата на барањата кое започна на 1-ви ноември 2022, ќе трае до 1-ви декември 2022 година.
-Ги повикуваме сите лица со попреченост, кои се жители на Град Скопје, а кои се’ уште немаат поднесено барање, тоа да го сторат во горенаведениот период, односно до ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, да достават уредно пополнето Барање, или истото да го пополнат на лице место во канцелариите на претпријатието – на ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 15 А.
Од претпријатието уште еднаш ги наведуваат потребните документи кои граѓаните треба да ги донесат:
- -Копија од важечка сообраќајна дозвола со која се утврдува дека возилото е регистрирано;
- -Лична карта на увид од лицето со посебни потреби;
- -Инвалидска книшка на увид;
- -Потврда од матичен лекар со точно наведена дијагноза во оригинал, не постара од 1 (еден) месец;
- -ПИОМ Решение за степен на телесно оштетување на увид;
- -Лекарски наод од специјалист на увид.
ЈП „Градски паркинг“, Скопје, информира и дека доколку лицето кое е заинтересирано за поднесување на барањето не е во можност лично да ги поднесе документите, тоа може да го стори негов роднина, или близок, со потпис од корисникот на самото Барање и комплетна документација која се бара.
Известуваат и за кои состојби се воведува повластеното користење на паркинг услугите.
Воедно ги информираме заинтересираните, дека согласно Програмата за повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје од страна на лица со попреченост за 2023 година, право за повластено користење имаат лицата со попреченост на кои им е дијагностицирано:
Дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа, (полиомилитис), како и слепи лица со оштетување на видот над 90%, лица на дијализа и лица со ампутација на рака, или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија – информираат од ЈП „Градски паркинг“, Скопје.
извор: nezavisen.mk