Речиси една година откако стапија на сила законските измени со кои неделата стана неработен ден, ова законско решение и натаму предизвикува контроверзи. Измените кои се однесуваат на неделата како неработен ден почнаа со примена на 1 јануари 2022 година со што неделата стана неработен ден за поголемиот број работници во државата, со исклучок на оние работни места каде работниот процес не може да се прекине. Но, веднаш потоа започнаа и проблемите со примена на регулативата, кои се однесуваат на неколку аспекти.
Летово Владата ги донесе измените и дополнувањата на Законот за трговија со кои се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, Согласно најновите измени на Законот за трговија им се дава можност на продавниците, киосците и штандовите во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност, да работат во ден недела и на празници. Воедно, истите денови им се дава да работат и на слободните царински продавници лоцирани на меѓународните аеродроми после царинските контролни точки и на цветните пазари. Измените и дополнувањата на Законот за трговија се осмислени за да ја поттикнат економската активност во земјата, посебно во туристичките места.
Во земјите од регионот различно се гледа на концептот на неработни недели за работниците,па така некаде овој принцип е дел од важечката законска регулатива, додека некаде не е стасано подалеку од јавна расправа и поединечни иницијативи за нејзино воведување.
Повеќе за темата прочитајте на ЛИНКОТ.