![Неделава треба да се знае кои производи ќе поевтинат](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/93/3a77ff39-resize-820x0x100.jpg)
Храна во маркетите има, но може ли секој да си дозволи да купува онолку колку што има потреба? Граѓаните велат – скапо е. Ако порано со една илјадарка ја полнеа торбата, сега велат – со истите пари, ќесата им е до едвај половина полна. Не гледаат дека цените почнале да паѓаат.
Од Владата смируваат. Цените ќе паѓаат. За колку, изминатава и оваа недела се прават анализите, кои вклучуваат и теренски посети во маркетите. Министерот за економија даде ветување дека нема да дозволи богатење на грбот на граѓаните во време на криза. Инспекциските контроли се засилени, изречени се и казни.
Пресметки се прават и за да не поскапи струјата за граѓаните по Нова година, но и за да има пониски сметки за малите потрошувачи.
извор: mrt.com.mk