Се сложувате ли со формулата ЗАДОВОЛНИ ВРАБОТЕНИ = ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ = УСПЕШНА КОМПАНИЈА?
Звучи логично, што секако нè носи до заклучокот дека вработените и нивниот степен на задоволство во компанијата се клучен фактор за нејзиниот успех.
Задоволните вработени обезбедуваат подобра услуга кон клиентите, што последователно влијае на приходите на компанијата. Според бројни истражувања, компаниите кои имаат програма за ангажирање на своите вработени уживаат 233% повеќе лојалност на клиентите од оние кои немаат.
Да сумираме, задоволни вработени - подобра услуга - задоволни клиенти - зголемени приходи.
Она што сакавме да го истражиме е Дали македонските компании спроведуваат истражување за задоволство на вработените?
Направивме анкета на оваа тема, а резултатите се изненадувачки.
Само 8% од 400 испитаници се изјасниле дека компанијата во која работат спроведува истражување за нивното задоволство почесто од еднаш годишно. Пофалби за овие компании!
13% се изјасниле дека нивните работодавачи прават истражување еднаш годишно или поретко, но во коментари се сложуваат дека вакви анализи треба да се прават почесто.
Дури 77% од испитаниците се изјасниле дека нивните работодавачи не спроведуваат истражување ниту било каква евалуација за нивното задоволство на работното место. „Не им е важно задоволството на вработените, едноставно ако не ти се допаѓа – замини си“, стои во еден од коментарите.
2% се изјасниле дека компаниите во кои работат имаат друга опција преку која се грижат за нивното задоволство на работното место. Делување преку синдикат е една од наведените.
Со оглед на интересот кој го предизвика оваа тема, направивме анкета и нa LinkedIn, каде што имавме потврда на претходно заклученото.
Дури 68% од вкупно 750 испитаници одговориле дека нивните работодавачи НЕ спроведуваат никакво истражување за нивното задоволство на работното место.
На почетокот од оваа анализа се сложивме дека вработените и нивниот степен на задоволство во компанијата се клучен фактор за нејзиниот успех. Останува отворено прашањето зошто најголем дел од компаниите не се грижат за не/задоволството на своите вработени? (Секоја чест на исклучоците!)
Потребно ви е решение за да го проверите степенот на задоволство на вашите вработени?
Pulser.mk е нова платформа која нуди одлично решение за да дознаете каква е климата во вашата компанија, кои проблеми ги имате (а можеби не сте ни свесни) или дали можеби токму најдобрите вработени се незадоволни и размислуваат за отказ? Дознавате брзо, лесно и точно, а со самото спроведување на ова истражување влегувате и во конкуренција за наградата Најдобар работодавач за 2022 година.
ПРИЈАВЕТЕ СЕ
Сакате да знаете колку вашите вработени се не/задоволни од работата во вашата компанија? Контактирајте нè и закажете состанок!
телефон: 070356813 | email: karolina@vrabotuvanje.com.mk
Во тек е нашата нова анкета - Што превземаш кога не си задоволен на работното место? Ги очекуваме вашите одговори на ЛИНКОТ.