Постои голема можност во иднина на сопствениците на мали домашни миленици да им се дозволи да ги превезуваат во автобус. Според резултатите базирани на анкетата која беше поставена, 1657 граѓани се изјаснија „ЗА“, а само 31 беа ПРОТИВ. Според иницијаторите, во ЈСП постои расположение за ваквиот предлог да биде прифатен.
Со оваа иницијатива се охрабрува одговорно сопствеништво, се овозможува еднаков третман на граѓаните што чуваат миленици, а се штити нивниот буџет. Усвојувањето на една ваква одлука ќе го доближи градот поблиску до целта да го направи јавниот превоз примарен превоз, ќе создаде позитивна слика кај јавноста за претпријатието, ќе го прикаже како јавен сервис на граѓаните, кој е во чекор со позитивните промени што се дел од природниот процес на напредок на општествата.
Инаку, некои од шоферите во автобусите и сега дозволуваат граѓаните да влегуваат во возилото со маче или мало куче, но оваа пракса да се официјализира и да не зависи од добрата волја на возачите во градскиот јавен превоз.
извор: slobodenpecat.mk