На Финска ѝ требаат повеќе од 50.000 имигранти во следните 28 години за да ги пополнат слободните работни места поради стареењето на населението, покажаа податоците од финската технолошка индустрија.
Технологијата, која го претставува најважниот извозен сектор во Финска, ќе има потреба од 130.000 нови експерти во следните 10 години, објави агенцијата „Ксинхуа“.
Само половина од нив ќе ги заменат пензионерите, што значи дека во следните десет години ќе има десетици илјади слободни работни места во оваа извозна индустрија.
„Финска старее и се позадолжува, а економската одржливост се превртува наопаку“ – изјави претседателот на Асоцијацијата на технологии на Финска, пренесува „Бизнис-стандард“.
Додаваат дека единствената опција е значително да се зголеми имиграцијата.
Извор: mtm.mk