Цените на 50-тина производи од речиси сите категории во Лидл во следните два и пол месеци можат да бидат пониски, што значи дека овој модерен ланец со попусти гарантира уште поповолно празнично пазарување во Србија.
Меѓу избраните производи од различни категории на производи, цената на килограм бел компир ќе се „замрзне“ на 84,99 динари или околу 70 центи, литар и пол свежо млеко од брендот Пилос од Лидл ќе се продава за 179,99 динари, односно по 1 евро и 50 центи, килограм ориз на 129,99 или точно 1 евро, додека килограм замрзнат грашок ќе чини 199,99 динари или 1 евро и 70 центи. Пониски цени ќе има и на свежото овошје и зеленчукот, месо, млечни производи и сувомеснати производи, односно повеќето квалитетни прехранбени производи кои се наоѓаат во стандардните потрошувачки корпи.
На овој начин, покрај тоа што секогаш нуди асортиман на намирници по најдобар сооднос цена-квалитет, со овој потег Лидл дополнително се грижи за своите потрошувачи за да обезбеди поповолно купување. Широк асортиман на производи по „замрзнати“ цени ќе бидат достапни од 17 ноември до почетокот на февруари, токму на време за празниците кога потрошувачката е зголемена и кога на потрошувачите најмногу им е потребна поддршката од домашниот буџет, информира Лидл во Србија.
извор: faktor.mk