![Граѓаните прашуваат: До кога цели булевари ќе се блокираат за потребите на локалните клубови?](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/a3/e575c23a-resize-820x0x100.jpg)
Цела сообраќајна лента блокирана од паркирани приватни автомобили и таксисти. Ваква е сликата на булеварот „Климент Охридски“, речиси секој ден од неделата. Во непосредна близина на оваа локација се наоѓаат неколку популарни ноќни локали.
Граѓаните на твитер споделуваат вакви и слични фотографии и прашуваат, до кога Скопје ќе бидат заложници на локалните бизниси и до кога тие ќе би блокираат булеварите во главниот град!?
Полицијата, службите на градското и општинското претпријатие речиси секојдневно поминуваат од тука, но за сега реакција од нив нема.
извор: skopjeinfo.mk