Македонците лани потрошиле 2.683 евра за храна, или месечно им оделе по 233 евра за да се прехранат или 13.747 денари. Ова го пресмета Државниот завод за статистика во статистичкиот годишник за 2021 година.
Ако се поделат количините кои според статистичките просеци се доволни за едно четиричлено домаќинство излегува дека секој член дневно има за јадење по 175 грама леб, по 200 грама свинско месо неделно, по 76 грама млеко на ден, нешто над 900 грама домати, 500 грама краставици, по 940 грама јаболка месечно, или едно до две јаболка неделно односно вкупно 250 грама…
Па така, според статистика едно просечно домаќинство во земјава лани потрошило 255,6 килограми леб, или тоа значи дека месечно јаделе 21 килограм леб. Тоа значи дека дневно се јадело по 700 грама леб, или секој член имал за јадење по 175 грама леб дневно.
Статистика пресмета дека годишно во просек секое домаќинство трошело по 27,6 килограми тестенини, односно месечно 2,3 килограми тестенини. Нешто помалку од 600 грама месечно јадел секој еден член од семејството.
Вкупно 25,1 килограм свинско месо, биле годишните потреби, според статистика на едно четиричлено домаќинство. Кога ќе се поделат количините излегува дека вкупно месечно едно домаќинство набавувало по 3 килограми свинско месо, односно на секој член им следувало по 731 грам свинско месо месечно или по помалку, околу 180 грама за секој член ако се готвело свинско еднаш неделно. Овчото месо воопшто пак го немало на трпезите, па едно домаќинство лани за цела година набавило само 800 грама овчо месо. Вкупните годишни количини пак на говедско, јунешко и телешко месо биле 23,8 килограми или вкупно 2 килограми месечно или по 500 грама месечно за секој член. Најмногу се јадело месо од живина, 53,4 килограми годишно, или секое домаќинство по 4,5 килограми месечно пилешко месо. Или секој поединешно по нешто над 1 килограм.
Многу се трошеле преработки од месо, дури 50,2 килограми годишно, или по 4,2 килограми месечно трошеле преработки на месо домаќинствата во земјава. Додека пак рибата била застапена на македонските трпези со 24 килограми или вкупно 2 килограми месечно.
Кај зеленчукот, во просек се трошеле по 44,8 килограми краставици годишно, или едно домаќинство трошело по 3,7 килограми по член, или секој имал по 933 грама домати месечно, кај краставиците количините се значително помали, или вкупно 26,5 килограми месечно, и само 2,2 килограми месечно за сите или по само 552 грама месечно имало за секој член од семејството.
Од овошјето се набавувале вкупно 45,3 килограми јаболка, или 3,7 килограми месечно трошело едно домаќинство, а секој член имал за јадење по помалку од килограм јаболки месечно или 943 грама, па излегува дека му следувале по 1 до 2 јаболока неделно односно 250 грама вкупно. А круши се набавувале по само 3 килограми годишно.
Статистика пресмета дека на едно домаќинство му се доволни 111 килограми млеко годишно, или пвкупно месечно 9,3 килограми или нешто повеќе од 9 млека месечно набавува во просек секое домаќинство. Еден член месечно смее да испие вкупно 2,3 килограми млеко, или тоа се по околу 76 грама на ден. Сирење вкупно годишно за едно домаќинство биле доволни 47,6 килограми или по 4 киограми месечно, а вкупно годишно едно домаќинство трошело по 720 јајца, или вкупно 60 јајца месечно.
И за заблажување, на едно семејство годишно им биле доволни 29,5 килограми чоколадо и кекс или по 2,5 килограми месечно.
Извор: denar.mk