На сите им е добро познато дека фудбалот е најпознатиот и најследен спорт во светот. Во некои земји овој спорт стар 3.000 години се смета за начин на живот и го играат сите - стари, млади, мажи и жени. Во светот има повеќе од 3,5 милијарди фудбалски фанови, додека според најновото истражување на ФИФА, на глобално ниво има 270 милиони луѓе кои активно се занимаваат со фудбал.
Некои ќе земат годишен одмор поради Светското првенство!
Дури 28 отсто од испитаниците изјавиле дека овогодинешното Светско првенство ќе го гледаат на работа, поради што некои купиле нов телевизор. Нешто помалку испитаници, поточно 27 отсто, ќе направат одредени промени во работното време поради првенството.
Некои ќе земат годишен одмор поради Светското првенство, но постојат и такви кои не планираат да го следат првенството!
За разлика од фанатиците на фудбалот, 45 отсто изјавиле дека воопшто нема да го следат овогодинешното Светско првенство. Повеќето од нив како причина ја наведоа незаинтересираноста за овој спорт, а помал дел од нив изјавија дека едноставно не можат да ги следат игрите поради работа.
Без разлика дали ги следите или не, сигурно е дека фудбалската еуфорија нема да ве одмине. Важно е да уживате во добро друштво, иако не сте фан на фудбалот.