Можеби најстарите фотографии направени на македонско тло потекнуваат од 1863 година, а биле направени од унгарски фотограф кој бил на експедиција по течението на реката Дрим па стигнал до Охрид и Струга. Но, сето ова не било откриено до 2000 година, кога Марк Коен, американски писател и истражувач случајно ги нашол црно-белите кадри во Националната библиотека на Австрија во Виена – пишува Плусинфо.
Коен всушност барал информации за претците на американските писатели со еврејско потекло кога во едно прашливо кутивче видел пеесетина кадри од Македонија и од Албанија. Во кадрите од Македонија гледаме древни слики од плажата Калишта во Струга, Јован Канео во Охрид, црквата Света Софија, Варош, поглед од кај денешната плажа викана Куба Либре. Тој ги овековечил и Битола, Прилеп, Велес и Демир Капија.
Коен решава да ја реши мистеријата, а да ја остави претходната мисија поради која дошол. Тој дознал дека фотографиите ги направил Јозеф Шеќељ(1838-1901), Унгарец кој бил на мисија финансирана директно од австроунгарскиот благородник Максимилијан Први(1832-1867), брат на царот Франц Јозеф. Богатиот брат на царот дознал дека младиот фотограф Шеќел отворил студио и во писмо му понудил да слика на Балканот.
Извор: expres.mk