Коалицијата на организации на вработени која опфаќа 30 земји планира на „Блек Фрајдеј“ да протестира против онлајн трговецот на мало Амазон. Иницијативата „Направи Амазон да плати“ бара компанијата да исплаќа фер плати и ќе одржува штрајкови низ целиот свет.
Минатата недела Амазон објави намалување на работните места, почнувајќи од поделбата на уреди и услуги, а како причина ја наведе тешката економска ситѕуација.
Компанијата пријави 798.000 вработени на крајот на 2019 година, но имаше 1,6 милиони вработени со полно и со скратено работно време на 31 декември 2021 година, што е зголемување од 102 отсто.