Германската министерка за внатрешни работи, презентираше делови од предлог-законот со кој треба да се олесни стекнувањето германско државјанство и според кој наместо досегашните осум, ќе може да се аплицира за државјанство по пет или три години легален престој.
- Наместо сегашните осум години, државјанството ќе се стекнува по пет години легален престој, а во случај на многу успешна интеграција, дури и по три години“, рече министерката Ненси Фезер.
Под многу успешна интеграција, Фезер подразбира брзо учење на германскиот јазик и добра интеграција во работата или образовниот систем на земјата.
За лицата над 67 години ќе се спуштат јазичните критериуми како услов за стекнување државјанство во иднина и ќе биде доволно барателот да може „вербално да комуницира“.
- Со полесна процедура за стекнување државјанство сакаме да се запознаеме со генерацијата гастарбајтери кои дадоа значаен придонес во развојот на оваа земја, рече Фезер.
Неможноста да се задржи старото државјанство при добивањето на германското се смета за најголема пречка за зголемениот упис на странците, кои подолго време живеат во Германија, во регистарот на германски државјани. Граѓаните на Европската унија можат да го задржат старото државјанство и по добивањето германски пасош.
извор: skopskoeho.mk