Од денеска почнува исплатата на пензиите за ноември.
Предвремената исплата ја најавија банките и ќе се одвива во следниот редослед:
- До 11.000 денари 29.11 (вторник);
- Од 11.000 -14.000 денари 30.11 (среда);
- Од 14.000 -18.000 денари 01.12 (четврток);
- Над 18.001 денари 02.12 (петок);
Ќе се исплаќа и финансиска помош до 1.500 денари месечно како дел од владините мерки во следните 4 месеци и тоа на следниов начин:
За корисниците на право на пензија во висина до 14.000 денари е предвидено:
– финансиската поддршка од 1.500 денари, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина, не поголема од 11.525 денари месечно;
– финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина од 11.526 денари и не поголема од 14.000 денари месечно.
Финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат и корисниците на право на надоместок за телесно оштетување.
Исплатите ќе се однесуваат за пензиите или поддршката за ноември, декември 2022, јануари и февруари 2023.
Oд следната година е најавено зголемување на пензиите за околу 7%, но и на минималната плата, која се очекува да достигне 20.000 денари.
извор: centar.mk