Со доаѓањето на крајот на старата 2022 година, многумина се прашуваат кои се неработните денови кои следат во декември и јануари со цел да си го испланираат слободното и празнично време поквалитетно.
Ова е списокот на празници кои преостануваат оваа година:
Првиот неработен ден што доаѓа не е поврзан со новогодишните празници, но доборо е да се знае, тоа е 8 декември 2022 (четврток), “Св. Климент Охридски”.
- За оваа година граѓаните од католичка вероисповед неработен ден ќе биде 25 декември 2022 (недела), првиот ден на Божик.
- За граѓаните припадници на турската заедница неработен ден ќе биде и 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.
Додека во јануари 2023 за сите граѓани на Македонија ќе бидат следните денови:
- 01 јануари 2023 (недела), Нова Година;
- 02 јануари 2023 (понеделник) е неработен ден;
- 07 јануари 2023 (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар;
Додека за православните верници дополнителни неработни празници се и Бадник кој се паѓа во петок на 6 јануари 2023, како и Богојавление Водици на 19 јануари 2023 во четврток. Уживајте во празниците!
извор: centar.mk