Црвената планета не била отсекогаш црвена. Некогаш таму имало многу вода, а можеби и живот, тврдат европски научници во своето најново истражување.
Сувата и прашлива површина на Марс богата со железен оксид е заслужна за прекарот на Марс. Водата на површината на Марс може да постои само во форма на мраз поради многу тенката и ладна атмосфера. Сепак, некогаш сликата на Марс била сосема поинаква, што го потврдуваат и некои елементи од пејзажотuh
Марс некогаш имал потопа и погуста атмосфера и вода во течна форма на двојата површина. Тоа го тврдат во својата студија научниците од меѓународе тим на планетарни научници. Во новата студија се тврди дека Марс пред 4,5 милијарди години можеби имал доволно вода за да покрие глобален океан со длабочина до 300 метри.
Заедно со органските молекули и другите елементи кои во тоа време биле дистрибуирани преки астероиди и комети низ Сончевиот систем, наведените услови укажуваат на тоа дека Марс можеби била првата планета во Сончевиот систем која можеби би имала живот, пишува списанието Science Advances.
Научниците во студијата извесуваат за варијабилноста на еден изотоп на хром во марсовски метеорити, кои датираат од тоа рано време. Во тоа време тие метеорити биле дел од кората на Марс и биле исфрлени во вселената поради удар со астероиди. Составот на тие метеорити, всушност, претставува изворна кора на Марс, пред астероидите да наталожат вода и разни елементи на површината.
Бидејќи Марс нема активни тектонски плочи како Земјата, површината не е подложна на постојана конвекција и рециклирање. Затоа метеоритите исфрлени од Марс пред повеќе од милијарда години нудат уникатен увид во тоа каков бил Марс кратко по формирањето на планетите од Сончевиот систем.
Со мерењата на тие метеорити научниците процениле колкава била стапката на удари во Марс пред отприлика 4,5 милијарди години и колку вода тие донеле на планетата. Според нивните резултати, имало доволно вода за да се покрие целата планета со океан со длабочина од 300 метри до 1 км. За споредба, на Земјата во тоа време имало многу малку вода затоа што објект со величина на Марс се судрил со Земјата, што довело до формирање на Месечината (според Теоријата за големиот судир).
Освен вода, астероидите дистрибуирале и органски молекули како аминокиселини. Тоа значи дека животот можел да постои на Марс кога Земјата била стерилна, се вели во студијата.Ова се случило во првите 100 милиони години на Марс. После тој период се случило нешто катастрофално за потенцијалниот живот на Земјата. Се верува дека дошло до енергетски судир, кој го формирал системот Земја-Месечина и во исто време, го избришал сиот потенцијален живот на Земјата.