Тирана е домаќин на Самитот на земјите од Западен Балкан кој ќе се одржи во вторник на 6 декември, под покровителство на Берлинскиот процес и во организација на премиерот Еди Рама.
Како што дознаваме од извори од Европската Унија, на Самитот шесте држави и претставниците на Европската Унија треба да потпишат многу значаен договор за намалување на цените на роамингот за разговори и интернет меѓу било која држава од Западен Балкан и било која држава од Европската Унија.
Покрај Северна Македонија, потписници на овој договор треба да бидат и Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија. Сепак, со оглед на екстремно високото ниво на тензија меѓу Србија и Косово и неизвесноста дали Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ ќе одлучат да го бојкотираат Самитот во Тирана, нашите извори брифираат дека под знак прашалник е и потпишувањето на договорот за паѓање на цените на роамингот меѓу Западен Балкан и ЕУ.