Посветени на ширењето на сопствената продажна мрежа, Жито Маркети отвори нова продавница во скопската Општина Аеродром. Маркетот е лоциран во населбата Мичурин, поточно на улицата Симеон Кавракиров, број 27
Овој малопродажен објект е 62-иот по ред маркет којшто се приклучува кон големото Жито семејство во земјава.
„Имаме задоволство да отвориме уште еден маркет во Скопје, во Општината Аеродром, што значи дека граѓаните од овој дел на главниот град ќе имаат поголема, можност своето секојдневно пазарење да го прават поблиску до нивниот дом. Асортиманот во нашиот нов маркет е исклучително разновиден, со најразлични категории производи по најповолни цени, вклучително и нашиот приватен бренд 5ка”, велат од менаџментот на Жито Маркети.
Новата продавница располага со простор за свежо овошје и зеленчук, воедно има две наплатни каси и девет вработени лица. Како и до сега, посочуваат од Жито Маркети, дека за верните купувачи подготвуваат бројни акции и подароци.
Работното време на маркетот е од понеделник до сабота, од 07:30 до 21:30 часот, недела е неработен ден.
Следи ја компанијата и биди во тек со сите нови огласи од Жито Маркети