Дали причината е фактот што обременети со серија еколошки давачки користените возила стануваат се поскапи на пазарот и понеисплатливи за набавка, или, пак, нешто поголем животен стандард, е многу тешко да се прогнозира.
А, тука има и една друга работа што мора да се спомене, а таа е дека нови возила најчесто купуваат и државните институции, па сосема е можно тие малку да се „раскомотиле“ и да си ги подновиле возните паркови, што се рефлектирало и на целата статистика за зголемената набавка на нови автомобили.
Податоците од македонската царина за оваа година покажуваат дека значајно се зголемило купувањето на нови автомобили, наспроти увозот на користени возила, кој е намален, но тоа не значи дека сега во обем повеќе се купуваат нови коли отколку стари.
Напротив, увозот на употребувани автомобили и натаму останува да биде неколкукратно повисок од оној на новите, но сепак трендот е дека кај новите коли има благо покачување, додека, пак, кај старите, намалувањето е прилично позначајно, така што во вкупен обем може и да се констатира дека увозот на возила е намален, но е сменета струкурата.
Во 2021 година вкупно се увезени 5.815 нови коли за сите 12 месеци, или месечно просечно по 485 коли, со тоа што има значајни разлики од месец до месец.
Додека, пак, во 2022 година, за првите 10 месеци, бидејќи се уште Царината не објавила бројки за ноември и декември, купени се повеќе нови автомобили, или само за десет месеци вкупно 6.295, што значи месечно просечно по 630 нови убавици на четири тркала.
Ако ги погледнеме месеците, пак, во 2021 година најсилни месеци биле јуни и јули со по 612 и 628 увезени нови возила соодветно, додека, пак, најслаб месец бил јануари со 364 нови возила.
Во 2022 година, има неколку екстра силни месеци по увоз на нови возила, и тоа во јуни се увезени дури 920 нови коли, а одличен бил и август со 893 увезени возила. Има и други доста силни месеци, како што е јули кога се купени 777 нови коли, како и 772 нови возила во септември.
Или, во 2021 година вкупно македонскот пазар успеал да апсорбира дури 34.822 употребувани коли, што е месечен просек од 2.901 возило.
Најдпбри месеци се јуни со продадени 3.974 и март со 3.962, а најслаб во таа година е јануари со 1.660 продадени стари коли
Доколки се анализира по месеци ланската година, може да се заклучи дека продажбата била најдобра во октомври оваа година, за кога е и последниот податок од Царината, кога се продадени 2.027 коли, а најслаб убедливо во оваа година бил јануари, со продаден само 1.168 возила.
извор: faktor.mk