Службениците и вработените во администрација со право на слободен ден на 3 септември
Од Министерството за труд и социјална политика велат дека согласно член 28 од Општиот колективен договор за јавниот сектор, вработениот има право на платен одмор од еден ден за првиот училишен ден на своето дете.
Согласно колективниот договор, како и сите останати случаи на платен одмор заради лични и семејни околности, се остварува без оглед на барањата на процесот на работата и се користи во деновите на основот, објаснуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Вработените во приватниот сектор ова можат да го остварат само со претходен договор од сопственикот, односно одговорното лице во претпријатието во кое работат.