Наградите за Најдобар работодавач во Македонија ќе бидат доделени во март 2023 година, а право на учество имаат сите компании кои ќе го спроведат Pulser.mk истражувањето на задоволство на вработени
На свечено доделување на наградите за „Најдобар работодавач“, нашиот партнер, водечкиот портал MojPosao од Хрватска им додели награди на работодавачите кои постигнале највисоки оценки во Истражувањето на задоволството на вработените.
Станува збор за анонимно истражување достапно и во Македонија, во кое учествуваат компании кои доброволно го пријавуваат своето учество, а оценката за задоволство ја даваат вработените во истата компанија. Ова истражување MojPosao веќе 16 години го спроведува со цел да утврди кои компании се најдобри за работа во Хрватска.
Од оваа година, истражувањето на задоволство на вработени е достапно и за македонските компании, преку нова платформа – Pulser.mk.
Компаниитете кои ќе постигнат најдобар резултат во истражувањето за задоволство на вработените ќе бидат прогласени за најдобри работодавачи.
MojPosao ги прогласи најдобрите работодавачи во повеќе категории на церемонија која се одржа вчера.
Најдобри работодавачи во Хрватса за 2022 година се Infinum, Q Agency и The Productive Company
Најдобрите работодавачи во 2022 година во категоријата големи компании се:
- Infinum
- Rimac Technology
- ZUBAK GRUPA
Во категоријата средни компании, најдобри работодавачи се:
- Q agency
- Ars Futura
- Porsche Digital Croatia
Најдобри работодавачи во категоријата мали компании за 2022 година се:
- The Productive Company
- Kodilion
- Netgen
Годинава во истражувањето за задоволство на вработените во Хрватска учествуваа 67 компании (43% средни, 36% мали, 14% големи и 7% микро компании), а своите одговори ги понудија 6.700 вработени (од над 8.500 вработени во компаниите учеснички).
Вкупниот рејтинг на сите компании кои учествуваа во истражувањето годинава е 3,35 (од можни 4).
Испитаниците дадоа најдобри оценки оваа година во категориите: Работни услови и Предизвикувачки работни задачи, додека најлошо оценети се категориите Вклученост во одлучувањето и Организација на работата.
Од оваа година прашањата ја вклучуваат и категоријата Поддршка на претпоставениот, а иако е за очекување дека испитаниците ќе бидат најкритични кон претпоставениот, тоа не е така.
Она што ги разликува најдобрите работодавци од другите се токму категориите, Вклучување во одлучувањето и Личен раст и развој. Најголемите разлики меѓу најдобрите работодавци и другите компании се во овие категории на задоволство.
Ангажираност и лојалност
Истражувањето, исто така, ја мери и ангажираноста на вработените, односно нивната мотивација дополнително да придонесат за развојот и растот на компанијата во која работат. Овогодинешните резултати во Хрватска покажуваат дека 45% од вработените се ангажирани, додека 53% од вработените не се ангажирани. Само 2% од вработените се немотивирани. Кај победничките компании процентот на ангажирани вработени е високи 84%.
Истражувањето го мери и eNPS - Employee Net Promoter Score (eNPS), дефиниран како концепт изграден околу Net Promoter Score (NPS) за мерење на лојалноста на вработените.
Ова е методот со кој мериме колку се подготвени вработените да го препорачаат своето работно место/компанија на своето семејство или пријатели. Можниот рејтинг на eNPS се движи од -100 до +100. Просекот на компаниите во истражувањето е +46 поени, а просечните eNPS поени на победничките компании се +86.
За истражување на задоволството на вработените
Pulser алатката за истражување на задоволството на вработените се состои од 65 клучни изјави од девет области на задоволството на вработените. Тоа се: Предизвикувачки работни задачи, Поддршка од надредениот, Организација на работата, Работни услови, Личен раст и развој, Вклученост во одлучувањето, Посветеност на работата, Меѓучовечки односи и Комуникација во компанијата.
Преку последните четири категории се мери ангажираноста на вработените, која е прикажана како процент на ангажирани, неангажирани и немотивирани вработени.
Сакате да знаете колку вашите вработени се не/задоволни од работата во вашата компанија? Контактирајте нè и закажете состанок!
телефон: 070356813 | email: karolina@vrabotuvanje.com.mk