Одделот за надворешна помош на Европската комисија организираше забава во метаверс за да се обиде да ја подигне свеста на помладата публика за работата што ја работат, а за организирање на забавата на која присуствуваа шест лица беа потрошени речиси 400.000 евра.
Прочитајте колку ќе поскапи струјата од јануари?
Одделот работи на поддршка на земјите ширум светот, без разлика дали дава грантови на земјите во развој, инвестирање во ублажување на сиромаштијата или придонесува за финансирање на борбата против климатските промени.
Потрошени беа 387.000 евра на метаверс платформата, дизајнирана да ја промовира иницијативата EU Global Gateway, која се надева дека ќе инвестира 300 милијарди евра во изградба на нова инфраструктура во различни земји.
Еден од присутните кои се појавија на, како што беше наведено, „гала настанот“ беше новинарот Винс Чедвик.
„По првичните збунети разговори со уште петмина што се појавија, јас сум сам. Сам сум“, напиша Чедвик на Твитер.
Концептот зад настанот беше доволно едноставен, да ги едуцира младите луѓе за блокот и да ги привлече во простор каде што ќе можат да научат повеќе за она што го прави ЕУ.
Портпаролот на Комисијата изјави за глобалната медиумска платформа Devex дека целта е да се „зголеми свеста за она што ЕУ го прави на светската сцена“ кај 18-35-годишниците кои се „првенствено на TikTok и Instagram“ и кои се „неутрални за ЕУ“ и „по правило не се изложени на такви информации“.
Рекламирана како „24-часовна забава на плажа“ со позадина на тропски остров, Чадвик објави дека само уште пет гости биле присутни.
Набргу по забавата, по неколку разменети зборови, гостите почнаа да се разотидуваат, оставајќи го Чедвик како последен аватар.
Извор: usb.mk